февруари 13, 2017

Струга, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 34-годишниот Б.И. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 9-ти ноември минатата година, на регионалниот пат Струга – Дебар, полициските службеници сопреле патничко возило „Пежо“ 106 управувано од пријавениот. При извршениот преглед била пронајдена опојна дрога хероин со нето маса од 0,34 грама. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука