Охрид, 29. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Францускиот квартет „Диотима“ вечерва ќе одржи концерт во склоп на програмата на фестивалот „Охридско лето“.
Квартетот е основан во 1996 година од музичари – лауреати на Националниот конзерваториум за музика во Париз и оттогаш е еден од најбараните ансамбли во светот.
Имаат настапувано на бројни европски сцени и фестивали. Минатата година одбележаа две децении од постоењето, со ексклузивно ЦД издание на музиката за квартет на Виенската школа.
На вечерашниот концерт кој ќе се одржи во катедралната црква „Св. Софија“ со почеток во 20:30 часот, ќе бидат изведени дела на Равел и Шуберт. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 16