јануари 23, 2018

Манчестер, 23. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Една од ѕвездите на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин потпиша нов договор со клубот до летото 2023 година. Според британските медиуми, белгискиот репрезентативец ќе зема по 260.000 фунти неделно.

„Среќен сум што потпишувам. И претходно сум кажувал дека сакам да останам во Сити. Овде се чувствувам како дома од првиот ден. Задоволство е да бидам дел од овој тим. Со нетрпение ги очекувам титулите, кои ќе ги освоиме во следните години“, изјави 26-годишниот играч, кого „граѓаните“ го привлекоа од Волфсбург за 75 милиони евра во текот на летото на 2015 година.

Претходната недела договорите со клубот ги обновија и Давид Силва, Николас Отаменди и Фернандињо, а преговори за нов договор се започнати и со бразилскиот напаѓач Габриел Жезус. (Крај)

извор:  Стандард.мк фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука