Вашингтон, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Државниот секретар на САД, Џон Кери изјави пред сенатската комисија дека ништо не ја спречува Украина да се интегрира како со Европската Унија, така и со Русија.
– Украина може да биде врата и на Исток и на Запад, не е обврзана да стане пион меѓу овие два пола во нивната геополитичка игра, изјави Кери.
Државниот секретар истакна дека со претседателот Барак Обама сметаат дека за Украина да може да обезбеди економски аранжман, се предвидува договор за асоцијација со Европјаните.
Преземањето на артилеријата беше еден од клучните услови утврдени уште во првиот договор од Минск минатиот септември. (Крај)
извор: Ројтерс фото: архива
Прочитано: 21