Дамаск, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најмалку 90 асирски христијани биле киднапирани од џихадисти од групата “Исламска држава” во североисточна Сирија.
Според податоци на Сириската опсерваторија за човекови права, христијаните биле киднапирани утринава. Групата заземала две асирски села од курдските сили во провинцијата Ал-Хасеке.
Во меѓувреме, коалицијата против радикалната група “Исламска држава”, на чело со САД, ликвидираше најмалку 52 џихадисти, соопштија американските медиуми. (Крај)
извор: АФП фото: архива
Прочитано: 53