Гелзенкирхен, 03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерот на Шалке 04,Клас Јан Хунтелар е суспендиран на шест натпревари по добиениот црвениот картон за време на натпреварот со Хановер.
Најефикасниот стрелец во Шалке без потреба грубо стартуваше од зад грб над гостинскиот дефанзивец, а дисциплинската комисија на Бундеслигата ригорозно го казни за своето непрофесионално однесување.
Се очекува на терените во германското првенство да се врати кон средината на март, а во меѓувреме ќе игра за Шалке на двата натпревари од 1/8 финалето во ЛШ против Реал Мадрид.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 27