јануари 24, 2015

Свети апостол Павле, уште во првиот век по Христа, ја посетил Македонија. Македонскиот народ уште во апостолско време бил образован, а охриѓаните во исто време биле и најпочестените, бидејќи тие го угостиле Апостолот. Охрид му посакал добредојде на Светиот апостол Павле. Оваа вистина е забележана во Библијата.

Свети Климентовиот универзитет, за кој научно се тврди дека постоел 125 години пред Болоњскиот за кој се смета дека е најстариот  универзитет во Европа, бил основан во Охрид со цел на студентите да им се дадат богати знаења од сите научни подрачја: филозофија, астрономија, сликарство, музика, естетика, медицински науки, теологија, литература, јазик, живопис, иконографија, градителство и архитектура, агрикултура итн. Универзитетот, со оглед на конципираноста на наставната програма во различните научни области и подрачја, како и богатата библиотека со која располагал, а со која се служеле професорите и студентите, станал вистински расадник на сеопштата словенска култура и центар на лавинско моќно ширење на словенското христијанство и сесловенската писменост и култура, низ Европа и пошироко.

На Охридскиот универзитет, кој имал мантричка определеност во својата мисија, со воодушевеност и чистина на љубов кон вокацијата и професијата, се пристапувало кон создавање и формирање на нови научни и културни кадри.

На овој Универзитет се образoвале, не само свештени лица, туку и книжевници, и учители, и лекари, и правници, и историчари, и музичари, и фрескописците и сите учени луѓе во тоа време, И не само од Македонија туку и од многу пошироко во Европа.

Зошто е важно сетоа ова да го знаеме?: Бидејќи високообразовните установи и тогаш во 9-ти век и денес во 21-ви век имаат задача на сеопфатно образование, морал, самосознание, духовно и културно просветување и етичко и правично образование, како и свесно и совесно будење, на своите студенти и народот. Македонија и Охрид, како извор на просветителството, тоа го имале уште во 9-ти век… до денес?!

9 век, тоа е времето кога Светиклиментовиот Универзитет во Охрид се формирал и создал.
1088 година, тоа е времето кога Универзитетот во Болоња се формирал и создал.
1160 среден 12-ти век, време кога Универзитетот во Сорбона се формирал и создал.

21 век, Охрид, реалност и сегашност – место каде најстариот универзитет во Европа се формирал и создал!

Прашање: Дали Ние достојно и доследно го продолживме и продолжуваме аманетот и богатството што нашите предци ни го оставија?!

Катерина Климоска

zaednicka046 3

** „046 – За Охрид се зборува“ е проект на Супер радио и OhridPress и истиот има за цел да се сврти вниманието на охридската јавност кон одредени теми. Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата – Супер радио и OhridPress да бидат вистински глас на заедницата и да објават различни мислења, но и начини за подобрување на одредени состојби. Напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат колумнистите. Супер радио и OhridPress се оградуваат од евентуален навредлив речник и конотации, и ги сметаат за непримерни во јавната комуникација.

Во третиот дел од „046 – За Охрид се зборува“, кој ќе трае од декември 2014. година до јануари 2015. година, ќе пишуваат и дебатираат Жаклина Лазаревска, Тони Симоновски и Катерина Климовска.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука