Охрид, 22. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во саботата, на 17-ти август 2019 година, во рамките на акцијата „Даруваме радост на првачињата“, беше организирана хуманитарна свирка на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.
– Оваа акција веќе трета година е организирана од страна на Клубот на млади при Црвен Крст Охрид, и истата се состои во донирање примарен школски прибор на децата-првачиња од социјално-загрозени семејства, со цел да го поддржиме нивното образование. Свирката беше со цел собирање парични средства за купување на школскиот прибор, а исто така ќе бидат поставени и кутии за донација на ваков прибор низ книжарите во нашиот град, информираат од охридскиот Црвен крст. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ЦК Охрид
Прочитано: 19