јануари 22, 2017

Охрид/Струга/Скопје, 22. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Клубот Матица до 31 јануари ќе го организира 17. Саем на книга „Книга во секој дом“, годинава со поднаслов „300.000 книги во Матица“. На читателите ќе им бидат понудени наслови од домашна и од странска продукција.

– Во соработка со повеќето македонски издавачки куќи и реномирани светски и регионални издавачки компании, како Харпер Колинс, Парагон, Орион, Делфи, Вулкан и Лагуна, ќе бидат понудени најновите остварувања од домашната и светска прозаистика, архитектура и уметност, најчитаните наслови и автори од областа на економијата, филозофијата, гастрономија и лексикографија, историја и поезија, енциклопедии, книги за најмладите, креативни проекти итн, соопшти „Матица“.

Книгите можат да се најдат и во книжарниците во Охрид, Струга, Прилеп, Штип, Гостивар, Кавадарци, Неготино. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука