август 21, 2019

Охрид, 21. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Нова книжевна средба со поет во КИЦ „Култура 365“, во рамки на новата културна манифестација ЛУНУС – Летните уметнички ноќи на улица Самоилова.

Вечерва од 20:30 часот љубителите на пишаниот збор ќе се дружат со охридскиот поет Пере Ристески.

Пере Ристески е роден во Струга во 1977 година. Живее во Охрид. Автор е на книгите: „Гревот на првата љубов“ (поезија), „Крајпатни ветришта“ (поезија), „Во преграб на мигот“ (поезија), „Еден вечен неделен ден“ (поезија), „Зен верс“ (уредник и учесник на хаику антологија), „Импулс“ (хаику поезија) и „Од исток кон запад“ (хаику поезија). Член е на Друштвото на писатели „Григор Прличев“ од Австралија, Обединетата хаику и танка заедница од САД, Светската хаику асоцијација од Јапонија и Европската хаику заедница од Италија. Ристески има објавувано хаику поезија во бројни реномирани списанија ширум светот.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука