Тел Абијад, 9. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Предводени од САД, коалиција против групата “Исламска држава”, нанела удар над рафинерија во Сирија, контролирана од џихадисти.
Во нападот загинаа 30 луѓе.
Меѓу жртвите имало борци на “Исламска држава” и работници во рафинеријата, која се наоѓа на североисток од градот Тел Абијад, во близина на турската граница, соопштува Ројтерс.
Во исто време, млада Германка загинала при борбите во североисточна Сирија. Според Сириската опсерваторија за човекови права, жената се борела на страната на курдските сили против “Исламска држава”.
Најмалку 40 лица загинаа во последните 24 часа при борбите за контрола на стратешкиот регион.
Трите британски ученички кои во февруари избегаа во Сирија, се наоѓаат во градот Ракот во северниот дел на земјата, кој е под контрола на џихадисти. (Крај)
извор: Ројтерс фото: архива