март 22, 2018

Охрид, 22. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со изведба на комедијата на Бранислав Нушиќ „Аналфабет“, Народниот театар од Охrид ќе го прослави 27-ми март, Светскиот ден на театарот.

Играат актерите Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Адриjана Билаловиќ Тодороска. Режијата е на Ѓорѓи Ризески. Претставата ќе започне во е 20:00 часот. Билетите по цена од 150 денари можат да се купат на билетарата на театарот, која работи секој ден (освен во недела) во терминот од 10:00 до 20:00 часот.

Меѓународниот ден на театарот се прославува од 1962 година, а е воспоставен од Меѓународниот театарски институт, со цел да се афирмира вредноста и важноста на театарската уметност, и да се апелира до владите, политиката и институциите да ја препознаат вредноста која театарот ја носи за луѓето, индивидуите и развојот на заедниците. Многу театарски институции низ целиот свет, на овој ден синхронизирано испраќаат универзална порака, напишана од реномирани светски имиња во театарската уметност. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука