септември 18, 2017

Охрид, 18. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ од Винковци, Република Хрватска, утревечер, на малата сцена на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 19:30 часот ќе ја одигра комедијата „Во бабиното гнездо“.

– Комедијата „Во бабиното гнездо“ е работена по мотивите на филмот „Дуплекс“ на Дени Де Вито, ја режира Цветин Анчиќ, а играат: Петра Кралјев, Владимир Андриќ и Бланка Барт. Претставата е проткаена со духовити ситуации, поврзани со млада брачна двојка, која веднаш по венчавањето, мора да обезбеди кров над глава. Тие се определуваат преку оглас да најдат постара жена со стан за да ја чуваат. Младата брачна двојка очекува брза смрт на старицата, а таа пак во низа комични ситуации се однесува лагодно и е полна со живот, информираат од охридскиот Центар за култура.

Влезот за претставата е слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука