Охрид, 21. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод Светскиот ден на театарот, директорот донесе одлука претставата „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников да биде бесплатна за публиката.
Картите на билетарата на Центарот за култура „Григор Прличев“, по принципот прв дојден прв услужен.
Претставата ќе се одигра во среда, 27-ми март, со почеток во 20:00 часот. Играат: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, павел Мсловм Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.
Ова е претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот, претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. Комедија, што преминува во гротеска и иронија и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива