Охрид, 23. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од Заводот за кардиоваскуларни заболувања изразуваат благодарност до охридската компанија „Инфобиро“ од каде им излегоа во пресрет при санирањето на еден од поголемите проблеми со кои се соочуваше оваа здравствена институција.
– Раководниот тим на Заводот изразува голема благодарност до фирмата „Инфобиро“, особено до сопственикот Драган Маркоски од Охрид која одговори на молбата од Заводот и со сопствени средства го санира акутниот проблем кој повеќе години се провлекуваше и правеше проблеми во континуираното функционирање на болницата со прокиснувањето на дел од кровот каде се заменети старите олуци со нови, стои во дописот до медиумите од Заводот, од каде додаваат дека акцијата за санирање и средување на Заводот со средства од донации продолжува понатаму. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива