Охрид, 23. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нискобуџетната холандско-француска компанија Transavia од март ќе почне со летови меѓу Амстердам и Скопје, соопштија од компанијата. Билетите се пуштени во продажба од денеска.
Од септември 2008, кога престана да лета МАТ, ова ќе биде првпат аеродромот „Схипхол“ и Скопје да бидат поврзани со редовен авиопревоз.
Компанијата е подружница на групацијата „Ер Франс-КЛМ“. Првиот лет ќе биде на 2 март 2025. Ќе лета двапати неделно.
Оваа линија ќе биде конкуренција на WizzAir кој ја поврзува Македонија и Холандија преку Ајндховен, град кој е на 125 километри од Амстердам. WizzAir сега лета четири пати неделно до Ајндховен.
Transavia не е непозната за македонскиот авиособраќај. Со оваа компанија беа организирани чартер летови за холандските туристи до Охрид уште во 1970-тите. (Крај)
извор: fokus.mk фото: архива