Лил, 25. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Франција-Словенија и Норвешка-Хрватска се полуфиналните двојки кои ќе се борат за влез во финалето и освојување на шампионскиот пехар на СП во ракомет.
Први пласман меѓу четирите најдобри обезбеди селекцијата на Норвешка која славеше над Унгарија со 31-28, Франција иако играше тежок натпревар против Шведска ја оправда фаворитската улога и на крајот славеа со 33-30.
Словенците сосема заслужено славеа против Катар со 32-30, а на последниот дуел, Хрватска славеше на дербито против фаворзираната Шпанија со 30-29 во драматичен натпревар. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 15