Охрид, 16. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Тридневната програма за одбележување на верската манифестација за празникот Богојавление – Водици во Охрид, вклучува повеќе активности.
Утре, 17 јануари со почеток во 19:00 часот во Центарот за култура „Глигор Прличев“ – Охрид ќе има проекција на документарниот филм „Танцот на пастрмките“ и изложба на подводна фотографија.
На 19 јануари, ќе има Свечена богослужба во сите парохиски храмови по повод празникот Богојавление. Од 07:00 ќасот ќе се служи утрена богослужба, а од 08:30 часот Света Божествена Литургија.
Во 9:45 часот е поаѓањето на литијата кон градското пристаниште, каде точно во 10:00 часот ќе се одржи голем Богојавленски водосвет, чинот на осветувањето на водите на езерото и фрлањето на Чесниот крст, информираат од Дебарско-кичевската епархија.
Во 12:00 часот ќе има групно крштевање на Сараиште.
Во меѓувреме од 09:00 до 14:00 часот ќе се одвива крводарителска акција во студентскиот дом „Никола Карев“.
Додека на 20 јануари, активностите за Денот на рибарите ќе почнат во 12:00 на Сараиште, каде ќе има традиционално подготвување на рибна чорба и староградска музика со Ансамбл „Билјана – Јуниор“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива