Охрид, 9. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве беше извршена комплетна реконструкција и адаптација на училница во рамки на ООУ „Христо Узунов“.
– Континуирано ги подобруваме условите за настава во охридските училишта. Оштетените и прокиснати ѕидови беа целосно обновени и молерисани и беше поставен нов ламинатен под. Средствата за оваа инвестиција се обезбедени од општинскиот буџет. Квалитетното образование е наш приоритет и затоа во иднина ќе реализираме низа инвестиции наменети за учениците, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 40