Охрид, 13. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ повторно спроведоа акција за расчистување на крајбрежниот појас.
Овојпат се чистеа локалитетите Лабино, Сараиште, Грашница и на градското пристаниште.
Заради зголемениот водостој на реките кои се влеваат во Охридско езеро, големи количини отпад е натрупан на плажите (отпадоци од пластика, хартија, најлон кеси, лименки и др.комунален отпад) како и трска.
Периодов наназад со езерските бранови исплива и ниската еколошка свест на населението кое депонира отпад по речните корита. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охридски комуналец
Прочитано: 27