Охрид, 6. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Почнувајќи од овој месец па во текот на летниот период комуналниот отпад ќе се собира, транспортира и депонира од 06:00 часот наутро, информираат од ЈП Охридски комуналец, а согласно програмата за работа за годинава.
Додаваат дека овие активности се преземаат заради зголемениот обем на работа и потребите што се наметнати во летниот период. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 57