Охрид, 19. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Луксузното списание за патувања „Конде Наст“, кое постои од 1986 година, објави листа со најевтини дестинации кои вреди да се посетат во 2024 година. Меѓу нив се најдоа и четири регионални држави – Република Македонија, Албанија, Србија и Унгарија.
Во статијата за Република Македонија се истакнува дека во земјата нема многу криминал, а се советува задолжителна посета на Охрид.
– Во Охрид има улици со калдрма и необични цркви, нешто што се очекува од еден европски град, со дополнителна предност што се наоѓа на крајбрежјето на неверојатно убавото и биолошки разновидното Охридско Езеро, пишуваат тие. (Крај)
извор: Слободен печат фото: ОхридПрес
Прочитано: 105