Охрид, 17. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид за оваа учебна година објави конкурс за доделување на 80 ученички стипендии, а крајниот рок за аплицирање е 20-ти декември.
Предвидено е да бидат доделени 15 стипендии за талентирани ученици и 25 за ученици од VII,VIII и IХ одделение од општинските основни училишта кои живеат во потешки социјални услови. 15, односно 25 стипендии според истите критериуми ќе има и за средношколците.
Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да пополнат соодветен образец, кој може да го најдат на веб страната на општина Охрид.
Потребните документи, учениците треба да ги достават на адреса: Општина Охрид ул.„ Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид, во затворен коверт со назнака „За комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички стипендии“.
Висината на стипендијата ќе изнесува 1 500 денари месечно за девет месеци во текот на учебната 2017/2018 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива