Охрид, 7. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, 10-ти јуни, во Охрид ќе се одржи конференција насловена: „4 сезони екотуризам во Охридскиот регион“.
На конференцијата која ќе се одржи во хотелот „Милениум палас“ со почеток во 11:00 часот ќе се дискутира за можностите во охридскиот регион постојано да има атрактивни настани и активности кои ќе ги привлечат домашните и туристите од регионот и пошироко.
Акцентот ќе биде ставен на екотуризмот и неговиот развој, за сестраната понуда, од планинарење на Галичица и параглајдинг, историја, култура и традиција, па се до водено поврзување на речиси сите места покрај Охридското Езеро.
Очигледно е дека охридскиот регион има големи туристички потенцијали кои треба максимално да се искористуваат и да придонесат за економскиот развој, притоа водејќи грижа за животната околина, порачуваат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива