декември 20, 2017

Скопје, 20. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Министерството за економија, денес во Скопје ќе се одржи Конференција за развој на туризмот во Република Македонија.

Според најавата од организаторите, ќе биде презентирана Студијата за обезбедување на податоци од областа на туризмот и подготовка на модел за проекција на идни показатели, а ќе се разговара и за дополнување на Стратегијата за развој на туризмот на Република Македонија 2016/2021 година и за потребата од измена и дополнување на Законот за туристичка и угостителска дејност.

Пред присутните ќе зборуваат Државниот советник за туризам и угостителство Шовкет Хазари, како и Деканот на Факултетот за туризам и угостителство Охрид Проф. Д-р Цветко Андреевски, кој се очекува да ја презентира Анализата за обезбедување на туристички податоци од областа на туризмот и проекцијата на идни показатели. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука