септември 11, 2019

Охрид, 11. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид ќе биде домаќин на Национална Конференција на Македонската Асоцијација за цврст отпад (МаСВА) како Национален член на Интернационалната Асоцијација за цврст отпад (ISWA).

Конференцијата ќе се одржи на тема: „Комуникација за управување со отпадот“ и претставува интернационален настан кој е влезен во календарот на ИСВА глобалните случувања.

Во среда, на 11-ти септември е предвидено поставување на мобилна единица за прочистување на отпадни води и исцедокотот од депониите. Единицата ќе биде функционално изложена и поставена во Дрисла – Скопје ДОО на 10-ти и 11-ти септември 2019 година како дел од активностите на конференцијата на МаСВА. За објаснување на техничките карактеристики како и начинот на функционирање на единицата ангажирано е стручно лице од компанијата „Klarwin“. Следниот ден, во четврток, на 12-ти септември ќе се одржи Акција за чистење како увертира на организираната конференција на тема „Комуникација за управување со отпадот“.

– Предвидена е акција за чистење на Охридското Езеро и Охридското крајбрежје, поддржана од Делегација на Европска Унија во Македонија во склоп на акцијата „За чисто како дома исто“. Акцијата ќе се спроведува паралелно во водите на Охридското Езеро со Клубот за подводни активности „Охрид“ и на Охридското крајбрежје со поддршка од општина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“ од Охрид и колективниот постапувач „Нула Отпад“ ДОО Скопје. Учество во акцијата ќе земе и шефот на Делегацијата на Европска Унија, Амбасадорот Самуел Жбогар. Во црквата „Св. Софија“ е предвидено свечено отворање на конференцијата, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука