Охрид, 24. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, на 27-ми мај, како дел од чествувањата на Св. Кирил и Методиј, во црквата Св. Софија во Охрид ќе се одржи концерт на македонски пијанисти.
– Станува збор за традиционална прослава на нашите духовни татковци Свети Кирил и Методиј со концерт на растечката генерација македонски пијанисти, под уметничко раководство на проф. д-р Ана Гацева и проф. д-р Даниел Чуркоски, велат од организациониот одбор.
Во рамките на концертот, воведна реч ќе има проф. д-р Димитар Пандев, а ќе настапат и актерот Јован Цветкоски и сопранот Галина Куценко.ж
Во сабота во 19:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на Св. Кирил и Методиј во градскиот парк, по што од 19:30 часот ќе започне програмата во црквата Св. Софија.
Влезот за сите посетители е слободен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива