Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва од 20:30 часот свој настап во Охрид ќе има ансамблот на Дунавската школа за фолклор од градот Баја, Унгарија.
Ќе се одржи на сцената „Летница“, а ансамблот ќе настапи со сплет од традиционални унгарски народни песни и танци.
Настанот е во организација на Амбасадата на Унгарија во Република Македонија, Почесниот конзулат на Унгарија во Охрид, како и Здружението на Унгарци во Македонија.
Настапот во Охрид е дел од турнејата на ансамблот на Дунавската школа за фолклор низ Македонија, што започна вчера во Прилеп. Продолжува утре во Битола, во Крушево на 10-ти август и завршен концерт во Скопје, на 11-ти август. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 70