Скопје/Охрид, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Утре во МКЦ ќе се одржи концерт „In the Key of Life” на кој ке настапат студентите од студиската програма за Популарни музички жанрови.
Како солисти ќе се претстават и студентите по гитара oд класата на охридскиот музичар и професор Дамјан Пејчиновски.
Исто така ќе музицираат и студенти по саксофон, бас гитара, соло пеење и удирачки инструменти, на професорите Кирил Туфекчиевски, Иван Иванов, Александра Поповска и Влатко Нушев.
Слушателите ке имаат можност да чујат теми и аранжмани кои не се изведуваат често кај нас од Stevie Wonder, Amy Whinhouse, Baden Powell, како и неколку теми на Cole Porter, Dana P. Rowe, Henry Kreiger и други од Бродвејски мјузикли. Ќе прозвучат и делата на основоположникот на македонската популарна и џез музика Драган Ѓаконовски-Шпато.
Концертот ќе започне во 20 часот во Фросина салата – МКЦ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива