март 9, 2015

Скопје, 9. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 28 и 29 март 2015 година нè очекува уште една прекрасна музичка приказна на сцената на Универзалната сала.

По 12-ти пат ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Со многу нови песнички и оваа година „Поточиња„ ќе ја најават пролетта. За забавата да биде комплетна, драмската секција на „Поточиња“ има подготвено прекрасни видео најави за секоја песничка, а сите посетители ги очекуваат и многу изненадувања и награди.

Популарните детски фестивалски хитови, кои произлегуваат од овој фестивал, се слушани меѓу децата низ цела Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука