Скопје/Охрид, 12. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина, Министерството за животна средина на 1. јуни 2023 година започна постапка за донесување на Нацрт Закон за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата.
– Нацрт законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата беше објавен на порталот на 10-ти јули 2023 година. Јавната расправа е закажана за 14-ти септември 2023 година во Општина Охрид со почеток во 10:00 часот како и на 15-ти септември 2023 година со почеток во 10:00 часот во Општина Струга, информираат од Државниот инспекторат за животна средина.
Додаваат дека реобјавувањето на ова известување е поради настанатите техничките промени со веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање и невозможноста на пошироката јавност да биде запозната со сите текови активности на МЖСПП. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес