април 18, 2018

Охрид, 18. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Претставници на Координативното тело на општина Дебрца, формирано за да се спречи изградбата на регионална депонија во селото Годивје, утре на прес конференција ќе ги соопшти деталите во пресрет на најавениот протест закажан за во недела.

– Координативното тело, составено од претставници на сите месни заедници на општината има за цел да се спречи реализацијата на проектот за изградба на регионална депонија за Југозападниот регион на Република Македонија, во општина Дебрца, односно во атарот на селото Годивје, информираат организаторите.

Пред присутните ќе се обрати Д-р Јадранка Бибан.

Големиот протест во знак на протест поради изградбата на регионална депонија во селото Годивје ќе се одржи во недела, 22-ри април 2018 година, во атарот на селото Ботун. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука