Охрид, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кординативното тело за организација на манифестацијата Богојавление Водици 2017, денеска ќе ги соопшти деталите за годинешниот настан.
Ова тело беше формирано минатата година од претставници на Дебарско-кичевската епархија, Општина Охрид и граѓани на Охрид.
Измените во организацијата на најмасовниот црковно народен собир во градот, на кој се осветуваат водите на Охридското Езеро, доаѓаат откако претходните организатори, Здружението „Богојавление“ во 2015. година ја откажа натамошната организација. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 22