Сао Паоло, 31. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Бразилски Коринтијанс планира да гради гробишта во кои најверните навивачи ќе можат да бидат закопани до омилените играчи.
Гробиштата ќе се викаат „Коринтијанс засекогаш“ и ќе бидат лоцирани во едно од предградијата на Сао Паоло. Администрацијата на клубот планира таму да ги пренесе посмртните остатоци на некои од починатите фудбалери.
Гробница во близина на некоја фудбалска ѕвезда ќе чини неколку илјади долари. Не е исклучено во новите гробишта да биде закопан и големиот голман Жилмар кој играше на три светски првенства и стана два пати светски шампион со Бразил (1958, 1962). Жилмар почина минатата година во август, три дена откако наполни 83 години.
Слични фудбалски гробишта веќе имаат неколку екипи од Јужна Америка, меѓу нив Бока Јуниорс. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива