Охрид, 28. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од општина Охрид ги повикуваат корисниците на урбана опрема кои имаат склучено договор со општината за поставување на урбана опрема, во најкраток можен рок да ги подмират обврските и да прибават одобренија за поставување на урбана опрема.
– Физичките и правните лица коишто немаат склучено договори за поставување на урбана опрема, да поднесат барање за издавање на одобрение за поставување на урбана опрема. Доколку истите не постапат по оваа одлука, општина Охрид ќе пристапи кон отстранување на нелегално поставената урбана опрема, информираат од локалната самоуправа. (Крај)
извор: Општина Охрид фото: архива
Прочитано: 24