Охрид, 29. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во претстојниот четиригодишен мандат ќе бидеме уште поблиску до вас граѓаните, посветени на вашите потреби. Воведуваме задолжителени редовни средби, секоја последна сабота во месецот, помеѓу градоначалникот и граѓаните, истакна на денешната прес конференција кандидатот за советник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, проф. д-р Деса Косаркоска.
Го нагласи воведениот модел на отворена и услужна локална самоуправа подеднакво посветена на сите граѓани, со високо и потврдено ниво на транапарентност во работењето. Најави воведување современ систем на поголема онлајн достапност до сите информации и документи и зголемување на бројот на дигитални општински услуги. Меѓу другото го нагласи и обезбедувањето услови за развој на граѓанското општество, односно вклучување на засегнатите граѓани во сите релевантни теми за локалниот развој и имплементација на локални политики.
– Воведуваме систем на побрза и полесна комуниакција со градоначалникот и Советот на Општината, преку дигитални системи и алатки, како и преку социјалните мрежи. Воведуваме современа дигитализација која е средство за забрзана трансформација на администрација која е јавно отчетна, ефикасна и која ги поттикнува граѓаните да учествуваат во процесите на планирање и одлучување. Дигитализацијата, исто така, се однесува на поодговорна комуникација со граѓаните и достапност на документи во дигитална форма. Ги унапредуваме проектите „Пријави проблем“ и „Ваш реонски општинар“ преку кои граѓаните можат да пријават проблеми или да се обратат за било каква потреба во општината. На 17 ти октомври Вие одлучувате за иднината на вашето семејство и нашиот Охрид. На 17-ти октомври да го заокружиме бројот 12, да го избереме Константин Георгиески за градоначалник и да избереме силно мнозинство во општинскиот совет, рече Косаркоска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива