Њујорк, 31. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Постои научно образложена причина, поради која мал процент на луѓе се меланхолични во осмиот месец од годината.
Летото полека одминува, се ближи почетокот на новата школска година, а ноќите стануваат постудени. Тоа значи само едно – дошол крајот на август.
А, која е причината за лошо расположение кај луѓето, во текот на последните денови од осмиот месец во годината?
Стивен Ферандо, директор на психијатриската болница при Westchester Medical Center, во разговорот за New York Magazine истакна:
– Августовската меланхолија е мошне слична на тажното чувство кое ги обзема луѓето во недела навечер.“, опишувајќи го феноменот на промена на расположението, што мал процент од популацијата го чувствуваат, а може да се дефинира како сезонско афективно растројство.
Ферандо додава: „За да ви биде дијагностицирано нарушување на расположенито, мора најмалку две седмици да имате прилично постојани симптоми, кои не се подобруваат. Меѓутоа, доколку вистинското сезонско афективно пореметување не може да се утврди, постои можност од пократки верзии на истото.“
И додека оние кои страдаат од сезонска депресија, вообичаено ги забележуваат симптомите во текот на зимските месеци, поради недостатокот од изложеност на дневна светлина, месец август носи некои свои единствени симптоми.
Според New York Magazine, тие вклучуваат и анксиозност поради претстојната школска година, крајот на годишниот одмор и стравот од сезоната на празници кои се наближуваат.
Рејчел Анунциато, професорка по психологија на Универзитетот Фордхам, открива дека клучот за спречување на негативните емоциии, всушност, е во тоа да си дозволите на самите себе опуштање во последните неколку дена од летото.
Искористете ги последните денови од одморот, не жалејќи се дека се следува нивниот крај. Обидете се да ги избегнете разговорите кои вклучуваат жалби. Направете си список на сите активности кои сакате да ги извршите и уживајте со пријателите.
Според порталот Today, летна депресија има 1% од вкупната популација. (Крај)
извор: Црно бело фото: архива