јануари 21, 2017

Крушево, 21. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Крушево на денот на роденденот на Тоше Проески, 25-ти јануари (среда) од 09:00 – 16:00 часот ќе ја одржи Десеттата меморијална крводарителска акција.

Акцијата во чест на Тоше ќе се одржи во неговата Спомен куќа.

Граѓаните на Крушево, младинци, спортисти, но и од целата република, се поканети да ја покажат хуманоста и доследно да се продолжи делото на Тоше.

Акцијата ќе биде под мотото „Јас спасив живот, а ти?“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука