февруари 2, 2017

Охрид, 2. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициски и други службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција Регионален центар Запад, денес ќе даруваат крв во рамките на крводарителска акција.

Акцијата ќе се реализира до 13 часот во службените простории над противпожарната единица во Охрид.

Оваа хумана активност претставува продолжување на традиционалната соработка што СВР Охрид ја има со Републичкот завод за трансфузиологија и Црвениот крст од Охрид.

– Според предвидената програма на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, предвидени се повеќе вакви акции за дарување на драгоцената течност и собирање на крвни единици. На овој начин и припадниците на полицијата даваат активен придонес во промоција на крводарителството како хумана човечка вредност што живот значи, како и форма за поголемо приближување на СВР Охрид кон граѓаните, велат од СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука