Охрид, 9. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на одбележувањето на Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, денес во просториите на Факултетот за туризам и угостителство Охрид, ќе биде спроведена крводарителска акција.
Акцијата е во организација на Црвен крст Охрид, кој се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Насекаде за секого“.
Крводарителската акција е со почеток во 10:00 часот.
Инаку соработката меѓу Црвен крст Охрид и Факултетот за туризам и угостителство резултира со организирање на неколку акции годишно во оваа високо образовна институција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28