јули 18, 2019

Струга, 18. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 47-годишниот Г.Б. од Струга.

– Пријавениот, вработен во шумско стопанство „Јабланица“ во атар на селото Лакавица, ставил печат на 136,5 м3 бесправно посечени букови дрва сопственост на Македонија и овозможил дрвата да се транспортираат како легални, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука