јануари 5, 2018

Струга, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 23-годишниот Џ.И. од гостиварското село Врапчишта.  

Пријавениот, казнените дела ги сторил на 26-ти декември минатата година во објекти на деловни субјекти во Струга. Тој, со употреба на сила и подесен алат, ги отворал влезните врати и ги кинел поставените катинари, по што влегувал во службените простории, вршел пребарување и одземал пари и други предмети.

Со извршувањето на четирите тешки кражби во Струга, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од околу 17.000 денари.

Пријавениот Џ.И. е познат извршител на вакви казнени дела против кого и досега биле поднесувани соодветни кривични пријави. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука