Струга, 17. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 35-годишниот А.З. од струшкото село Делогожда, како и против Јавното претпријатие „Водовод“ со седиште во истото село поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „даночно затајување“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
– Казненото дело „даночно затајување“, пријавениот А.З. го извршил во својство на директор на Јавното претпријатие“ „Водовод“. Тоа било констатирано од извршената контрола на УЈП кога било утврдено дека пријавениот не извршил навремена уплата на парични средства за ДДВ, со што го оштетил буџетот на Република Македонија за 204.855,оо денари. Во текот на минатата година, од извршената контрола врз фактурите на данок на добивка и данок на додадена вредност за периодот од 2015-та и 2016-та година, било утврдено дека пријавените, приходите паушално ги евидентирале односно врз основа на наплатени средства а не врз основа на издадени фактури. Уплатите биле вршени по пошта, а претпријатието не користело фискален апарат, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива