Струга, 1. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 24-годишниот М.Р. од струшкото село Велешта.
– Пријавениот, казненото дело го сторил на 31-ви август годинава во 15:35 часот на крстосницата кај „Еурохотел“, на магистралниот пат Подмолје-Струга. Тој, управувајќи патнички автомобил „Пасат“, предизвикал сообраќајна незгода со неотстапување првенство на минување на моторцикл марка „Хонда“ управуван од М.П. од струшкото село Биџево. Истиот веднаш бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива