Охрид, 17. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти август 2019 година, во 03:20 часот, пред ноќен клуб на улицата „Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање, викање и непристојно однесување извршено од 22-годишниот С.Ф. од гостиварското село Витуше.
– Во алкохолизирана состојба, тој е приведен во Полициската станица во Охрид и по целосно документирање на настанот, ќе му биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 18