Струга, 13. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 33-годишниот Ј.Ј. од струшкото село Лабуништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
– На 29-ти ноември .2018 година, во 21:45 часот на локалниот пат село Лабуништа-Струга, од полициски службеници, при преглед на патничко моторно возило, управувано од пријавениот биле пронајдена и одземена марихуана, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 20