Струга, 18. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 41-годишниот Е.Д. од струшкото село Лабуништа.
– Пријавениот, казненото дело го сторил на 20-ти минатиот месец во семејниот дом во Лабуништа Тој, започнал силна и гласна вербална расправија со неговата сопруга упатувајќи и серија навреди и закани по нејзиниот живот и сигурност со што предизвикал страв, вознемиреност и несигурност кај оштетената. Во моменти на силна агресивност, пријавениот Е.Д. физички ја нападнал сопругата удирајќи ја со раце и нозе по целото тело. Притоа, оштетената се здобила со телесни повреди по што успеала да избега, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива