Струга, 10. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 57-годишниот М.Ќ. од струшкото село Биџево.
Со кривична пријава се стекна и правниот субјект ГТД „ТРИМ“ ДОО Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Пријавениот како управител на ГТД „ТРИМ“ увоз извоз Охрид ДОО, како инвеститор, без согласност од станарите и без решение, започнал со градба на настрешница-гаража во двор на колективна станбена зграда, која се состои од метална конструкција затворена од три страни.
Градежна инспекција при општина Струга донела решение за отстранување на градбата. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 34