Струга, 3. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против 38-годишниот Д.Ш. од селото Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 7 август минатата година во Струга, при извршен преглед над пријавениот биле пронајдени и одземени 3,53 грама марихуана, 0,5 грама мешавина од тутун и марихуана, 20 таблети со активна компонента бромазепам – медикамент од групата на бензодиазепини и нож на расклопување со сечило од 9 см. Пријавениот, марихуаната ја набавил за цена од 1.000 денари од лице од Р.Албанија. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 26