август 25, 2019

Струга, 25. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 46-годишниот Н.П. од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Во април и август 2018 година пријавениот, како референт за превоз во Подрачно шумско стопанство Јабланица, изработил две одобренија за сеча во парцела во приватна сопственост, при што не ја утврдил точната локација на парцелата и извршил маркација за сеча на 30 м3 дрва на друга парцела, во сопственост на С.Т. од Охрид, за која истиот немал дадено согласност за сечење на дрва. Со ова, пријавениот на С.Т. му нанел штета од 210.000 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука